Економија

Кочански „Водовод“ започна со отпишување камата на неплатените сметки

Управниот одбор на комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани донесе одлука со која на сите корисници на услугите кои имаат заостанати сметки за потрошена вода им се одобрува да го платат долгот без пресметаната камата за задоцнето плаќање.

Според одлуката, оваа можност не важи за органите на државната и локалната власт, како и за другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон. Во ослободувањето не се вклучени и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија, како и за Општина Кочани.

– Можноста да се плати долгот без пресметана камата е со определено времетраење,  односно до 21 декември годинава. Сметаме дека ова е во интерес и на граѓаните кои должат, со што вкупнот долг ќе им се скрати, а од друга страна е и во интерес на „Водовод“, бидејќи очекуваме тоа да придонесе за зголемување на наплатата на сметките за комунални услуги, истакна Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.

Законските мерки превидуваат физичките лица со неплатени сметки од „Водовод“,  да добиваат тужби секоја година, а правните на секои три години.

Податоците на кочанското комунално претпријатие покажуваат дека списокот на домаќинствата што должат е подолг во однос на бројот на правни лица.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *