Локално

Започна „Prilep Special Show”

Барем за момент Прилеп вечерва наликува на Париз, Милано и другите големи европски модни центри. Прилепската публика има уникатна можност да биде дел од единственото шоу во Македонија од ваков вид насловено „Prilep Speciial Show“ каде над 120 фризери, бербери и козметичари од Македонија, Србија, Грција, Словенија и Косово ги претставуваат своите креациии.
„Ова шоу претставува нешто посебно затоа што претходно за фризерите немаше некое место каде што тие може да ја искажат својата креативност“, Сара Сурлаџиоска, учесник на манифестацијата.
„Ќе направиме едно интересно шоу и мислам дека ќе им се допадне на гостите. Малку ќе биде и со играње“, Владимиир Георгиевски, учесник на манифестацијата.
Креациите се работени исклучиво според тема од некој филм.
„Ќе се претставам со филмот „Maleficent“ во кој игра Анџелина Џоли и го креирам тој лик“,истакна Каме Настов, учесник на манифестацијата.
„Ќе учествуваме со сцена од научно-фантастичен филм. Ја претставуваме Азирис и ова е една многу добра забава“, рече Данче Милкова, учесник на манифестацијата.
Организатор е „Здружението на бербери, фризери и козметичари од Прилеп.  За прв пат шоуто се одржа лани, а новитет годинава е тоа што ќе трае 2 дена.
„Имаме околу 120 натпреварувачи кои се веќе присутни, имаме и над 600 гости кои се веќе во салата“, кажа Александар Петрески, организатор.
Забавата и шоуто продолжува и утре со едукативни семинари со едни од најпознатите фирми во светот козметиката и убавината!
Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *