Економија

Во Крива Паланка буџетски форум “Мои пари, моја одговорност”

Презентација на годишните планови, програми и области на дејствување на одделенијата од општина Крива Паланка се одржа на денешниот настан модериран во вид на буџетски форум со цел активно вклучување на граѓаните и организациите во процесот на донесување на буџетот на општината.  

Презентацијата се одржа во општинската сала во Крива Паланка, а присуствуваа граѓани, претставници на невладини организации, бизнис секторот, медиуми и останатите чинители од локалната заедница.
Денешната активност е дел од  проектот „Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија” којшто се спроведува на територијата на општина Крива Паланка, а има цел по однос на изложените програмски цели и активности граѓаните проактивно да дејствуваат вклучувајќи се со предлози, идеи и сугестии во дискусии и препораки за нивните приоритети, рече Јорданчо Миневски од ЕГРИ.
Проектот го спроведува здружението Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ” со поддршка на општина Крива Паланка. 
Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *