СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Нов судир во Европскиот фронт на ДУИ, тепачка меѓу функционери во Гостивар

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол.
Додека претходно во Струга дошло до судир меѓу симпатизери на ДУИ и Зиадин Села, во Гостивар се случила физичка пресметка меѓу Невзат Бејта, кој е потпретседател на ДУИ, и Валдет Џафери, кој е шеф на огранокот на ДУИ во овој град, пишува Фол.
Како што дознава порталот, Невзат Бејта и Валдет Џафери првично имале вербална пресметка која потоа ескалирала по што Бејта му удрил шлаканица на Џафери.
Според порталот судирите во ДУИ почнаа по судирот на оваа партија со ДПА, Зиадин Села и многу други новоформирани партии, а причина за препукувањата се позициите и политичкиот простор кој е многу тесен поради големиот број партии во коалиција предводена од ДУИ објавува Фол.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content