Технологија

2018: Смартфони со најиздржливи батерии за оваа година!

Кој телефон има најиздржлива и најдобра батерија? Да погледнеме:

Во текот на годината тестиравме голем број уреди и сфативме дека издржливоста на батеријата не зависи само од нејзината големина, туку и од голем број фактори, особено поврзани со софтверската оптимизација.

Земајќи ги сите фактори во предвид, направивме официјалната листа на уредите со најиздржливи батерии. Да започнеме:

1. Huawei Mate 20 – 14 часа и 26 минути

Phones with best battery life this year

Со рекордна издржливост од 14 часа и 26 минути, Huawei Mate 20 дефинитивно се најде на врвот на листата. Во однос на дел од другите уреди, Mate 20 се покажа дури до 50% поиздржлив. Истотака, уредот подржува брзо полнење со SuperCharger полначот на Huawei.

2. Apple iPhone XR – 11 часа и 1 минута 

Phones with best battery life this year

iPhone XR можеби не е на исто ниво со Mate 20 во однос на издржливоста на батеријата, но лесно го победува останатиот дел од конкуренцијата. Постигна резултат од 11 часа. Дали може да го користите 2 дена без полнење? Доколку не седите постојано на телефон и го употребувате поретко, да.

3. OnePlus 6T/Pocophone F1 – 9 часа и 52 минути

OnePlus 6T

На третото место се најдоа два одлични уреди, кој доаѓаат со речиси иста цена. Pocophone F1 на Xiaomi доаѓа со голема батерија од 4,000mAh, Snapdragon 845 и цена од 350 долари. Од друга страна го имаме OnePlus 6T со батерија од 3,700mAh, заедно со брзи перформанси и цена од 550 долари.

На останатиот дел до листата се најдоа:

4. iPhone XS Max – 9 часа и 34 минути,

5. Samsung Galaxy Note 9 – 8 часа и 56 минути,

6. Sony Xperia XZ2 – 8 часа и 54 минути,

7. Motorola Moto Z3 Play – 8 часа и 50 минути,

8. Honor 10 – 8 часа и 44 минути,

9. iPhone XS – 8 часа и 37 минути,

10. Google Pixel 3 – 8 часа и 22 минути,

11. Galaxy S9 Plus – 8 часа и 5 минути

12. Pixel 3 XL – 7 часа 39 минути.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *