Политика

Заев тврди дека е постигната согласност за процесот на помирување

Собранието ќе бара помош од правните експерти, како да има и амнестија, но и одговорност за 27 април. Премиерот Заев по состанокот со собраниското тело вели дека политичка волја за помирување има, но  овој процес не смее да влијае врз правосудниот систем и судските постапки. Засега нема детали како ќе се изгледа законското решение и како ќе разграничи личната одговорност.

Сите може да се согласиме дека терористичко загрозување на уставниот поредок не е нешто кое треба да ги опфати сите и не навлегувам подетално само кажувам како пример дека имаме потреба да направиме јасна динстикција и разграничување. Секако, пораката на помирување и подадена рака мора да постои, но и пораката на неповторување на вакви работи исто така мора да постои, рече Заев.

Покрај помирувањето, собраниското тело паралелно ќе работи и на интеграцијата и на реформите. Сите три процеси според пратениците се меѓусебно поврзани со крајна цел членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Работните тела имаат мандат бидејќи го имаат веќе и составот, ги имаат и претставниците на Владата што ќе учествуваат во ова тело, сите механизми што им се дадени во однос на одлуката да вклучуваат и други пратеници, правни експерти, МАНУ, цивилно општество, медиуми кои можат да сугерираат  и да даваат решенија за овој комплексен процес, рече Ташевска Ременски.

Овие групи не се од затворен тип. Во нив можат да земат учество сите пратеници и во таа насока апелирам секој кој смета и може да се пронајде во некоја од нив да земе активно учество и да се вклучи во овие многу важни процеси за нашата држава, изјави Александрова

Собранието утре ја стартува пленарната седница за усвојување на нацрт-амандамните за промена на Уставот во втора фаза. Според роковите седницата може да трае најмногу 12 дена.

-Во следната фаза верувам дека постои можност и многу други пратеници да ги поддржат конечните амандмани, затоа што некои најавија дека еден дел од тоа е прифатливо. Грција нема проблем со тоа што се сугерира, барем во еден дел. Тука имаме една кохезивна алатка, но и процесот на помирување е сериозен кохезивен фактор, како и спроведувањето на реформите, изјави Заев

Без никакви пробелми Заев очекува договорот од Преспа да биде ратификуван и во Грција, по што ќе почнат да течат и роковите за негова имплементација, во интерес на двете земји.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *