Локално

Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ учесници во еколошка кампања

Основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп реализира еколошка кампања за подигнување на еколошката свест кај ученици, со бенефити за себе и животната средина. Пред две недели е спроведена акција за собирање отпад. А, денеска се реализираше активностите се заокружени со програма, така што низ песни и стихотворци се става акцент на потребата од еколошки чиста животна средина,што е условено од односот на човекот.

Екокампањата ова училиште ја спроведе со поддршка на ЈКП „Комуналец“, фирмата „Теа Андреа“ и Општина Прилеп.

„Оваа еколошка акција ќе придонесе за подигање на свеста кај децата и зачувување на животната средина. Децата мора да знаат дека треба да растат во поздрава и почиста животна среднина. Со продавањето на собраната пластика децата ќе добијат повратни средства, што ќе ги употребиме во училиштето“, истакна Зора Чадамова директор на ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *