Спорт

Реваншот помеѓу Ривер и Бока ќе се игра во Европа

Долго очекуваниот реванш меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс од финалето во Копа Либертадорес ќе се одигра на 9 декември (недела) на „Сантијаго Бернабеу“ од 21:30 часот, објавија шпанските медиуми.
Веста се очекува да биде потврдена официјално во текот на денот.
Претходно денеска од ФИФА интервенирале за случајот и се обратиле кон Шпанската фудбалска федерација со молба земјата да го прифати дуелот, кој веќе двапати беше одложен.
По повеќе разговори е постигнат договор натпреварот да се одржи на стадионот на Реал Мадрид. Дозвола за тоа дале и од КОНМЕБОЛ.
Другите варијанти до денеска беа Џенова, Асунсион, Мајами и Доха.
Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content