Спорт

Милан се помачи со Дуделанж, Арсенал се прошета во Киев

Милан забележа неочекувано тешка победа над Дуделанж во Лигата на Европа.
На својот „Сан Сиро“, „росонерите“ победија со 5:2, но до 49-тата минута заостануваа во резултатот со 1:2 и се соочија со многу проблеми. Влегувањето во игра на Сусо сепак се покажа одличен потег од Џенаро Гатузо и потоа Италијанците стигнаа до четири погодоци. Два од нив беа автоголови што се покажа решавачко за крајниот исход на дуелот.
Со успехот, Милан собра 10 поени и сега е сам на второто место на коло пред крајот во група „Ф“. Лидерот Бетис има 11, Олимпијакос, кој загуби во Шпанија, останува со седум бода.
Арсенал пак победи убедливо на гостувањето кај Ворскла со 3:0 и така си го обезбеди првото место во групата „Е“, бидејќи пред последните натпревари има 13 поени, три пред Спортинг и подобар биланс во директните средби со Португалците.
„Топџиите“ постигнаа три гола уште до одморот и не оставија сомнеж во својата супериорност, откако запишаа четврта победа оваа сезона во натпреварувањето.
Дуелот беше под знак прашалник и беше преместен од Полтава во Киев од безбедносни причини, но тоа во никој случај не влијаеше врз англискиот тим, кој беше без голем дел од стартерите.
Во групата на Арсенал, предвид претстојното дерби со Тотенхем, логично место не најдоа Обамејанг, Озил, Лаказет, Лено, Тореира, Ајоби, Монреал и Мустафи. Тоа сепак не се покажа никаков проблем и гостите си го обезбедија триумфот уште до одморот со головите на Роу, Ремзи и Вилок.
Резултати од ЛЕ, 5. коло:
Група „A“
Баер Леверкузен – Лудогорец 1:1
Цирих – АЕК Ларнака 1:2
Група „Б“
Розенборг – Селтик 0:1
Салцбург – РБ Лајпциг 1:0
Група „Ц“
Бордо – Славија Прага 2:0
Зенит – ФК Копенхаген 1:0
Група „Д“
Андерлехт – Спартак Трнава 0:0
Фенербахче – Динамо Загреб 0:0
Група „Е“
Карабак – Спортинг Лисабон 1:6
Ворскла – Арсенал 0:3
Група „Ф“
Милан – Дуделанж 5:2
Бетис – Олимпијакос 1:0
Група „Г“
Спартак Москва – Рапид Виена 1:2
Група „Ј“
Краснодар – Акишарспор 2:1
Група „К“
Астана – Динамо Киев 0:1
Група „Л“
БАТЕ Борисов – Види ФК 2:0.
Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *