Земјоделие

Почна аплицирањето за финансиска помош за плата за овчарите

Сите фармери кои одгледуваат овци, кози, или говеда од денеска може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка за плата на овчарите, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на собраниската седница.

– До денес, а од 1 јуни минатата година се исплатени 36 милиони евра во сточарството. Најголемите ставки за исплати во делот на субвенции одат токму во сточарското производство. Оваа мерка, позната како плата за овчарите, значи дополнителнла поддршка којашто ќе изнесува до 300 илјади денари, ја зголемуваме и тргаме одредени ограничувачки критериуми што постоеа во претходниот период, за да можат сите да аплицираат, истакна Николовски

Појасни дека финансиска поддршка што ја предвидува оваа мерка е во висина од 60 отсто до 100 отсто од просечна месечна нето плата во дејноста за период од  01.11.2017 до 31.10.2018 година. Финансиска помош од 100 отсто ќе добијат фармерите кои стоката ја напасуваат или чуваат на надморска височина од над 700 метри, односно чии регистрирани одгледувалишта се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри. На сточарите со одледувалишта во населени места на надморска височина под 700 метри им следува државна поддршка во висина од 60 отсто од просечна месечна нето плата во дејноста, како олеснување на трошокот за чување или напасување на добиток (овци, кози, или говеда).

Право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите регистрирани земјоделски стопанства. Апликациите може да се поднесуваат до 21 декември годинава. Средствата ќе се доделуваат во сооднос едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 50 говеда и истите се неповратни. Бројот на вработени лица за кои е исплатена поддршката треба да биде ист во период од најмалку една година претходно. Максималниот износ на средства е до 300,000 денари по лице и за не повеќе од  20 вработени, а за над 10 вработени лица помошта се намалува за 50 отсто, појасни Николовски.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *