СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Ќе иницираме календар на активности на кои МОН ќе мора да се придржува

Претседателот на УСС на УКИМ Александар Николовски изјави дека се револтирани поради неисплаќањето стипендии и други субвенции за студентите.

„Покажуваме црвен картон кон вработените во МОН и УСС се залага студентите во иднина да бидат слушнати и нивниот глас да биде уважен. Во фејсбук-статусот на министерот Јетон Шаќири беше напишано дека се легнати средствата, но според ветувањето средствата требаше да бидат легнати првично на средината на јануари, па крај на јануари. И тоа е само за стипендиите. Покрај тоа, имавме средства за ретроактивно исплата, имавме мерка ваучери за превоз, како и проблеми со студентскиот оброк. Така што, овој револт е создаден поради ненавремената исплата на сите мерки и неодговорното работење на самата институција“, изјави Николовски.

Николовски и Савче Ѓошева, студентска правобранителка на УКИМ, соопштија дека  бараат промена  на самиот систем и дека следен чекор ќе им биде иницијатива за воспоставување календар на активности на кои МОН ќе треба да се придржи и да има навремена исплата на сите студентски мерки. Ќе бараат, рече, и промена во Законот за студентски стандард.

„Според законот, МОН покрива 50 проценти од трошокот за студентите, што не е во ред бидејќи доколку се покачат трошоците, а тие се покачени, за студентските домови и квалитетот на храната, тогаш ќе треба да трпи законот измена и да се понесат повеќе финансиски средства кон студентските домови“, рече Николовски.

Студентите на протестот го повикуваа министерот да дојде, но ја одбија неговата покана да имаат средба во МОН. Додека трае протестот, министерот Јетон Шаќири ги свика медиумите на прес-конференција.

Со свирежи, транспаренти и „црвени картони“ студентите денеска се собраа на булеварот пред МОН во знак на незадоволство од, како што велат, ефикасноста на МОН бидејќи не ги почитува роковите за  исплата на стипендиите и на други субвенции.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content