СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Колапс во пола Македонија: затворени автопати, повеќе градови со големи штети од град и силен ветер

Невреме проследено со грмежи, пороен дожд и врнежи од град денеска зафати голем дел од Македонија.

Поради големината на врнежите од град, жители од Берово јавуваат за оштетени автомобили, а од објавите на социјалните мрежи од страна на граѓаните, забележлива е големата количина на вода низ градските улици.

Патниот правец Берово-Виница е во прекин кај с.Смојмирово бидејки е надојдено многу вода од Колачински поток. ЦУК известува дека има информација дека Смојмирска река е многу надојдена и има штети по земјоделските површини и има поплавено неколку објекти.

Големо невреме имаше и во Преспа. Таму се 100% оштетени јаболките, но и другите земјоделски насади. Големи штети има и во Кочани, Виница и Крива Паланка каде град паѓаше со големина на орев, а од силината на ветерот има и паднати дрвја.

Во Пехчево исто има огромна количина вода по улиците. Поради електричното празнење, надлежните апелираа без потреба да не се излегува од домовите за времетреање на невремето.

Прв погоден беше Охрид каде поплавени беа улици, а граѓаните пријавија штети врз автомобили и земјоделски култури. Кризниот штаб прави проценки.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content