Локално

Нова донација за Дневниот центар за лица со церебрална парализа

„Раздвижи го срцето“ беше насловот на добротворната трка, која осигурителната компанија „Осигурување Македонија/Vienna insurance group“ ја организираше во месец октомври. Со оглед на хуманитарниот карактер на трката, собраните средства оваа година се наменети за Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

„Денеска сме тука за еден многу убав повод, да ја донесеме донацијата на нашите пријатели на кои најмногу им е потребна. Во нашата фирма втора година организираме трка по повод 11-ти Октомври, на која нашите вработени трчаат по скалите на Осигурување Македонија во Скопје после што самите вработени предлагаат институции каде ќе ги донирамат средствата. Оваа година беше предложено средствата да ги донираме во овој Дневен центар, за да може да се набават медицински помагала и апарати“, истакна Снежана Коменовиќ, координатор за маркетинг и односи со јавност во Осигурување Македонија/Vienna insurance group.

Од Дневниот центар изразија благодарност до донаторите. Средствата ќе бидат искористени за набавка на медицински помагала и апарати, кои пак ќе бидат потребни за секојдневна работа и моделирање, како и за подобар психички развој на лицата кои го посетуваат центарот.

Во моментов, во Дневниот центар се згрижени 14 штитеници.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *