СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Отворен повик за уметници за манифестацијата „Бела ноќ 2022“

Универзалната сала и Град Скопје објавуваат јавен повик за програмски активности за манифестацијата „Бела ноќ 2022“.

Оваа година ќе се одржи 18. издание на „Бела ноќ“ како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде што ќе се одбележат уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани што ќе ја заинтригираат јавноста.

За таа цел, ЈУ Универзална сала – Скопје и Град Скопје распишаа јавен повик за учесници што се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на Град Скопје.

Годинешното издание на „Бела ноќ“ ќе се одржи на 1 октомври 2022 на повеќе централни локации во градот Скопје.

На конкурсот може да се пријават уметници што сакаат да бидат дел од овој настан, а творат во следните области:

▪ ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип)

▪ ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ (архитектура, визуелен/индустриски/веб-дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации)

▪ МУЗИКА

▪ ФИЛМ

▪ ТЕАТАР

▪ ЈАВНА УМЕТНОСТ

▪ УРБАНИ ИЗВЕДБИ И ПЕРФОРМАНСИ

Селекцијата ќе биде направена од страна на жири-комисија врз основ на поднесените апликации, а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт.

За учество во „Бела ноќ“ потребно е да се пополни апликацијата за учество со следниве документи:

▪ Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата

▪ Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација

▪ Финансиска конструкција на проектот

За подетаљни информации за јавниот повик: документите во писмена форма може да се достават на адреса: булеварот Партизански одреди 22 (зграда на библиотеката „Браќа Миладиновци“) http://univerzalna.com.mk/belanok, [email protected] или на телефонскиот број 02 32 45 615.

Крајниот рок на аплицирање е 25.7.2022 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content