Технологија

Колку се популарни паметните телевизори во Македонија?

Во 5 отсто од македонските домаќинства се гледа телевизија или други видео содржини на паметен телевизор (смарт ТВ), 3 отсто ги користат за да пребаруваат на интернет преку веб- пребарувач, а 2 отсто за други апликации, како игри или онлајн- шопинг. Ова го покажуваат податоците на Евростат кои се однесуваат на 2016 година, но слободно може да се каже дека сега овие проценти се сигурно поголеми, бидејќи нивната цена паѓаше во последниве години и тие се се подостапни за нашите купувачи.

Споредено, со просекот во Европската унија, заостануваме во користењето на паметните телевизори за гледање телевизија, што е разбирливо со оглед на драстичната разлика во куповната моќ на просечниот наш и европски граѓанин. Но, сепак, мора да се посочи дека на овој план сме подобри од некои европски земји, меѓу кои Романија, Грција и Бугарија.

Според Евростат, во 2016 година 11 отсто од Европејците гледаа телевизија или други видео содржини на паметна телевизија; 4 отсто од луѓето користеа паметна телевизија за да пребаруваат на интернет преку апликација,  а 3 отсто го користеле за други апликации, како што се игри или онлајн шопинг.

ТВ стриминг или гледање други видео содржини (на барање или од услуги за споделување) на паметен телевизор е особено популарен меѓу ИКТ професионалците (23 отсто), се вели во извештајот на Евростат.

Меѓу земјите- членки на ЕУ, користење на паметни телевизори за интернет стриминг или други видео содржини е најактуелно во Холандија и Обединетото Кралство (по 22 отсто од членови), проследено со три нордиските земји, Шведска (21 отсто), Данска (20 отсто) и Финска (17 отсто).

Помалку од 5 отсто од населението гледа телевизија или други видео содржини на паметен ТВ во Романија и Грција (по 3 отсто) и во Полска, Италија и во Бугарија (по 4 отсто).

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *