СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Апелација за Плацеви на Водно: 9 години затвор за Груевски Мијалков на слобода условно

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат како „Плацеви на Водно“, донесе пресуда со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот Никола Груевски од Скопја и на правното лице ДТУОР Л.К.Ц. ДООЕЛ С., а делумно ја уважи жалбата на обвинетиот Сашо Мијалков од Скопје. Истовремено, ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Апелациониот суд Скопје пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.63/21 од 21.04.2022 година, во осудителниот дел под I од изреката, ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција на начин што:

– на обвинетиот Н. Г. од С., за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 ст.1 од Кривичниот законик, му се утврдува казна затвор во траење од 7 (седум) години, а за кривичното дело Противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3 – три години и 6 – шест месеци и согласно чл. 44 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 9 – девет години.

– на обвинетиот С. М. од С., за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 став 1 в.в со член 24 од Кривичниот законик, му се изрекува алтернативна мерка – УСЛОВНА ОСУДА така што одмерената казна затвор во траење од 1- една година и 3 – три месеци, во која му е засметано и времето поминато во притвор, сметано од 22.12.2021 година до 29.12.2021 година се зема за утврдена и се определува дека истата нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 4 – четири години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Апелациониот суд Скопје првостепената пресуда КОК.бр.63/21 од 21.04.2022 година, во останатиот осудителен дел под I од изреката, ја потврди.

Првостепената пресуда во обжалениот дел е јасна и подобна за испитување, не содржи суштествени повреди на постапката, фактичката состојба е јасна и правилно е утврдена. По однос на казните утврдени за обвинетиот Н.Г.од С. Апелациониот суд Скопје оцени дека првостепениот суд недоволно ги ценел отежителните околности и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по однос на изречената казна и одлучи како во изреката“ – се вели во соопштението на Апелацискиот суд.

Судот објаснува зошто прифатил дел од жалбата на застапниците на обвинетиот Сашо Мијалков.

„Во однос на обвинетиот С.М. од С. кој е помагач од член 24 на Кривичниот законик за кривично дело од член 273 став 1 кој не преземал реални дејствија и постапки, туку дејствијата му се вербални, за кое се огласени виновни и осудени Н.Г.од С., Ј.К.од С: 1 (една ) година затвор, Н.Ј. алтернативна мерка – условна осуда, Р.Н. од С. алтернативна мерка – условна осуда, па советот оцени дека првостепниот суд го повредил член 24 од Кривичниот законик, во кој е наведено дека помагачот се казнува исто или поблаго од сторителот на делото. Имајќи го во предвид член 24 од Кривичниот законик и во сооднос и корелација на казните на Н.Г. од С. (кој е во бегство),, Ј.К: – една година затвор, Н.Ј. алтернативна мерка условна осуда, Р.Н. Алтернативна мерка – условна осуда директни сторители со конкретни дејствија и постапки, како и одлуките на Врховниот суд на РСМ и Врховните судови на земјите од поранешна СФРЈ, одлучи како во изреката.

Во однос на конфискуваниот недвижен имот од обвинетите како и од правното лице, Апелациониот суд Скопје ја потврди првостепната пресуда со која е конфискуван целокупниот недвижен имот во приближна вредност 3.000.000 евра – се вели во соопштението на Апелацискиот суд.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content