Спорт

Вардар извлече голем бод на гостувањето кај Мешков Брест

Во исклучително тежок натпревар, денска екипата на Вардар успеа да стигне до нерешени 31-31 Против екипата на Мешков Брест со што од второто гостување сезонава во Брест се врати со еден поен.

На паузата беше само 14-13 за Мешков, но уште на стартот од второто полувреме предноста порасна со серија од 4-1. Проблемите за Вардар почнаа некаде по 42. минута, кога Глеб Калараш доби директен црвен картон. Дотогаш Вардар немаше ниедно исклучување, а почнувајќи од Калараш, до 55. минута цели 12 минути играше без еден ракометар.

И покрај тоа Вардар успеа да најде сили и во завршните десет минути да ја стопи негативата. Имаше и во овој период грешки, но и противникот не беше на нивото од почетокот на второто полувреме, па во финишот се влезе со гол негатива. По четвртата интервенција на Гебдане на 60 секунди до крајот, „црвено-црните“ добија напад за реми, кој одговорно го искористи Кристијан Дисингер.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content