Земјоделие

Можност за поголема заработка на битолските земјоделци

Проектот „Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“ финансиран од Европската унија, кој го спроведува ФАО заедно со Министерството за земјоделство денеска меѓу земјоделците во битолско, во Оптичари и Логоварди. Додека окрупнувањето на земјоделското земјиште е нов процес во Македонија, европските земји имаат позитивни искуства.

– Она што како бенефит го имаат земјоделците од процесот е подобрена структура на земјоделското земјиште, земјоделските парцели се групирани на помало подрачје, со цел да се оелсни обработката на земјиштето, да се зголеми ефикасноста на земјоделското производство, и со тоа да се зголеми конкурентноста на земјоелските производи, истакна денеска во Оптичари ВИЛМА ДАУГАЛИЕНЕ, ТИМ ЛИДЕР НА ПРОЕКТОТ MAINLAND.
Моментално се врши анкетирање на сите кои беа регистрирани по имотен лист како сопственици на земјиштето.
– Голем дел од нив не живеат нити во Оптичари, нити во Логоварди, живеат во Битола или во соседните села. Нашиот предизвик е да допреме досите, тоа е нашата законска обврска, затоа што секој има право и да се информира и да се изјасни, истакна МАРИЈА ГЕРАС ДОЧОВСКА, ЕКСПЕРТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ.
На индивидуалните средби кои се во тек, избраните геодетски компании работат директно со земјоделците за утврдување на нивната подготвеност да се вклучат во процесот на консолидација.
Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *