Спорт

Хокеарите се враќаат од Германија со злато

Хокеарската репрезентација на Македонија е победник на т.н. „Дивелопмент Куп“ во дебитантското учество на турнирот што оваа година се одржа во Фисен. Во финалето на второто издание на турнирот, „црвено-жолтите“ ја совладаа Португалија со 9:3 и со максимален ефект (пет победи во пет одиграни меча) ги завршија настапите на југот на Германија.

Националниот тим во групната фаза ги совлада селекциите на Република Ирска со 9:6, Андора со 9:4 и Португалија со 5:4. Македонските хокеари во полуфиналето беа подобри од Андорците со 6:3.


Развојниот турнир се организира за репрезентации на земји членки на Интернационалната хокеарска федерација (ИИХФ) што не учествуваат на светските првенства. Замислата е да помогне во популаризација на играта во држави што не исполнуваат критериуми за настап на Светски куп како на пример немање затворена арена. Слично натпреварување се одржува и во Азија од 2008 година.

Турнирот се организира еднаш годишно во различни земји. „Дивелопмент Купот“ доби зелено светло на Конгресот на ИИХФ во Москва во 2016 година и неговото формирање дојде по иницијатива на хокеарската федерација на Андора која беше домаќин на премиерното издание лани.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content