СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

ОО СДСМ Прилеп: Реакција на врачувањето на наградата за „Најзелена општина“ во 2021 година доделена на Општина Прилеп

Писменото соопштение го пренеуваме во целост:

Почитувани граѓани,
Китењето со туѓи перја, односно сликањето со проекти реализирани од страна на
доскорешните градоначалници од редовите на СДСМ, е главна карактеристика на
седуммесечното владеење на неспособните кадри на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Вчерашното врачување на наградата за „Најзелена општина“ во 2021 година, која во присуство
на шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Амбасадорот Дејвид Гир и’
беше доделена на Општина Прилеп, е најдобра потврда за кажаното.
Имено, нашите сограѓани но и целата македонска јавност се уверија во отсуството на
политичка култура и потценување на јавноста од страна на актуелниот прилепски
градоначалник, Борче Јовчески.
Без никаков срам, без воопшто и да ги спомене заслугите на претходната локална власт
предводена од СДСМ за освоеното признание, Јовчески го присвои она што во мината година
го сработија неговиот претходник Илија Јованоски и поранешниот менаџерски тим на ЈКП
„Комуналец“.
Срамот на Борче Јовчески беше двоен, бидејќи без никаква грижа на совест се сликаше и на
спортско-рекреативниот центар кај вештачкото езеро, проект кој исто така беше комплетно
осмислен и реализиран за време на четиригодишното раководење на општина Прилеп од
страна на СДСМ.
Ако ништо повеќе, она што тој од етички и морален аспект најмалку требаше да го направи,
беше да го покани на настанот својот претходник и заедно да ја примат наградата, во која
придонесот на Јовчески е целосно минорен.
Конечно, кога веќе ја посети и Пречистителната станица која исто така беше пуштена во
употреба за време на мандатот на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ, во оваа
прилика уште еднаш го прашуваме Јовчески, што стана со неговото изборно ветување за
укинување на ставката за пречистување на урбаните отпадни води и со намалувањето на
сметките за вода?
Почитувани,
Од ден на ден, неспособноста на Борче Јовчески во практикувањето на градоначалничката
функција, станува се’ поголем проблем за нормалното функционирање на локалната
самоуправа и секојдневниот живот на граѓаните на општина Прилеп.
Оттаму, го охрабруваме да се осмели и да го направи она за што подолго време размислува, а
коешто го потврдуваат и неговите сопартијци – да поднесе оставка!

ОО СДСМ ПРИЛЕП
Со почит,
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content