Култура

Пријавувањето за конкурсот „Жан Моне“ истекува в недела

Пријавувањето на Конкурсот за наградата „Жан Моне“, што го објавија Делегацијата на ЕУ и Советот за етика во медиумите (СЕММ) е се уште во тек и истекува на 25 декември.

Ова 16-то издание на конкурсот годинава е посветено за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Градење доверба во несигурни времиња”.

Наградата Жан Моне ќе биде доделена во три натпреварувачки категории: за најдобра новинарска сторија (стории објавени во печатени медиуми и/или на интернет), за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет) и за најдобра аматерска фотографија.

Жирито ќе се состои од седум члена – претставник од Делегацијата на Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања, минатогодишните победници во категориите за најдобра репортерска фотографија и за најдобра новинарска сторија, претставник од новинарско здружение, претставник од ЕУ инфо центарот, како и почесен претседател на жирито.

Повеќе информации за конкурсот може да се најдат на веб страницата на СЕММ http://semm.mk

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 12 декември 2018 година.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content