Економија

Објавени платите на министрите во Владата

Според она што може да се види на веб страната на Владата на Република Македонија, највисока плата за октомври добил Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, чија плата изнесувала 92.299,00 денари.

Со тоа тој е најплатен министер во владиниот кабинет и зема повисока плата од премиерот Зоран Заев, на кого минатиот месец му се исплатени 88.161,00 денари.

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска за октомври добила 79.150,00 денари, по што следува министерот без ресор Шапуриќ со плата од 77.825,00 денари, а потоа и вицепремиерите Хазби Лика и Бујар Османи, со 76.340,00 денари, односно 75.635,00 денари.

 

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content