Здравје

Денеска е Светскиот ден на детето

Денеска 20-ти ноември е Светскиот ден на детето, а годинава заштитен знак на Светскиот ден на детето е сината боја.

Од канцеларијата на Народниот правобранител по повод Светскиот ден на дедето преку соопштение велат да се облече сина маица, да се стави син беџ или мал син детаљ, со цел се да биде во знакот на сината со што ќе покажеме дека ги почитуваме децата, или како што велат да го обоиме овој 20-ти ноември во сино.

„Да покажеме дека ги почитуваме нивните права: Да одат на училиште и таму да бидат безбедни, Да учат, Да имаат слободно време, Да учествуваат во донесувањето на одлуките кои се однесуваат на нив, Да се чувствуваат како дел од заедницата, семејството, Да научат да разговараат, Да си простуваат, Да сакаат и Да бидат сакани. Со еден збор да им дадеме до знаење колку се тие важни за општеството, за неговиот просперитет/ развој. Но, и да им покажеме дека секогаш сме тука да им помогнеме и да ги заштитиме, особено денес во ерата на масовното ширење на социјалните медиуми, кои имаат и позитивно, но и негативно влијание врз нив. Да ги научиме како да ја користат оваа нова алтка за комуницирање, но и како да ги спознаат опасностите кои ги демнат“, се наведува во соопштението на Народниот преавобранител.

Народниот правобранител, се додава во соопштенеито и годинава ја користи оваа пригода на Светскиот ден на детето да потсети на важноста на процесот на воспитување на децата, од нивното вклучување во сите текови на општеството, од потребата за нивна заштита од насилството како во училиштата, така и во семејството, затоа што само здрава изградена личност може да создава здраво, демократско толерантно општетство.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content