Технологија

Акумулаторите сепак не треба да се чуваат дома на топло

Возачите долго спорат за тоа дали акумулаторот зиме треба да се чува дома, или, пак, да остане таму каде што му е местото- под хаубата на автомобилот.

Поддржувачите на првата теорија велат дека акумулаторот во зимскиот период е како „млада дама во мини здолниште“: ако го приберете дома навечер, тогаш наутро е веднаш подготвен за во погон.

Противниците, пак, сметаат дека на студ акумулаторот се вади многу побавно отколку на топло време. Натаму, тие велат дека симнувањето може да доведе до проблеми со алармот и електрониката на автомобилот, како и дека секојдневното носење дома и враќање назад е многу тешко и напорно.

Стручните лица сметаат дека вториве се повеќе во право, односно оти до одреден степен, акумулаторот ги издржува температурите блиску под нулата. Доколку, пак, температурите се пониски, треба само почесто да се провери нивната состојба, и малку почесто да се чистат клемите.

Но, ако станува збор за стар акумулатор, тој не треба да биде долго на студ. Но, треба и што побрзо да се замени со нов.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *