Земјоделие

Почна откупот на тутунот

Денеска официјално започна откупот на тутунот во Македонија на 195 откупни пунктови. За ова реколта засадени биле 14.802 хектари со тутун, а склучени биле 34.104 договори со 9-те откупувачи. Тутунарите годинава очекуваат да има околу 23 милиони килограми тутун, за 6 милиони помалку од побарувањата на откупувачите. Се очекува просечната цена да биде повисока од лани, односно над 217 денари за килограм.

„Задоволни сме засега, во првото е супер. Очекуваме цената да биде повисока од лани“, рече еде тутунопроизводиител.

„Очекувам повисока цена од лани, но само едно не ми се допаѓа. Земаат кало 7%. Замислете на тутун прва класа да вии земат 7%“, кажа друг тутунопроизводител.

Министерот за земјоделство денеска во Прилеп истакна дека очекува стабилен и сугурен откуп на тутун. Според него зголемените субвенции придонесле годинава да има 4.700 договори повеќе од лани, а засадени биле повеќе и 400 хектари. Од 2019 ќе се започнело со проектот на укинување на евидентните листови.

„Сето ова ќе значи и намалени административни маки на тутунопроизводителите, коии што треба да се насочат согласно новиот модел на субвенционирање на производството. Да имаме квалитетен тутун за да се добијат повеќе субвенции“, истакна Љупчо Николоски, министер за земјоделство.

И од сојузот на тутунарски здруженија очекуваат добри цени оваа година.

„Без да имаме некоја ситуација каде откупувачите можат да манипулираат бидејќи имаме повереници на сите ваги поставено“, рече Перо Стојкоски, член на Сојузот на тутунарски здруженија.

Поради тоа што има помалку тутун од побарувањата се очекува да има вистинска битка помеѓу откупувачите кој да откупи повеќе.

„Плаќањето ќе биде 3 дена после откупената количина. Комбинатот е подготвен како финансиски така и организационо да да го превземе родот од оваа година“, изјави Кире Станкоски, директор на Тутунски Комбинат Прилеп.

Од тутунот се остваруваат 100 милиони евра девизен прилив, а од него во Македонија егзистираат 23.000 семејства.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *