Локално

Џудо клубот Сеишин Прилеп жнее награди

На 11 ноември годинава во спортската сала Борис Трајковски, во Скопје се одржа 9-тиот Меѓународен Турнир во џудо „Миоки Опен 2018“. На истиот ЏК Сеишин Прилеп зеде учество со вкупно 6 натпреварувачи, со исто толку освоени медали (2 златни, 3 сребрени и 1 бронзен).

Освоените места се како што следува:

Помлади пионери:

  1. Никола Магдески кат. _42 кг. 1-во место
  2. Димитри Џокоски кат. _55 кг. 3-то место
  3. Андреј Сотироски +60 кг. 2-ро место.

Кадети/ки:

  1. Бојан Синадиноски кат._50 кг. 2-ро место
  2. Марио Цинцароски кат. +90 кг. 2-ро место
  3. Теодора Димеска кат._44 кг. 1-во место.

Историјат на клубот

Џудо Клубот Сеишин Прилеп е основан 2003 година и воедно е член на Џудо Федерацијата на Македонија. Предводен од млади квалификувани кадри во последните 10 години е меѓу првите 3 клуба на ранг листата на Федерацијата.

Членовите на Џудо Клубот Сеишин Прилеп  во изминатите години имаат освоено околу 900 медали на Републичко и Меѓународно ниво. Поголем дел од членовите наназад се и членови на Македонската Џудо Репрезентација во соодветните возрасни категории.

Клубот брои околу 80 регистрирани членови а од неодамна се приклучија и Џудо Ветераните над 60 годишна возраст (едни од првите џудисти во град Прилеп).

Десет години по ред, клубот во нашиот град организира најмалку по едно Државно првенство во различна старосна категорија и Меѓународен Традиционален Турнир во џудо по повод празникот 11-ти Октомври (кој е редовно во програмата за прослава на празникот во општина Прилеп), на кој учество земаат од 200 -250 натпреварувачи.

За сите заинтересирани

Тренинзите се одржуваат во спортската сала на ООУ Кочо Рацин во Понеделник, Среда и Петок од 20,00 часот и сабота кондициони тренинзи на отворените терени во градот.

 

Претседател: Ширкоски Дејан – Дипломиран Машински Инженер, долгогодишен џудист носител на црн појас 1 Дан (степен). Aктуелен Генерален Секретар на Џудо Федерацијата на Македонија.

Главен Тренер: Дејан Мицкоски – Дипломиран Тренер по џудо, долгогодишен џудист, како натпреварувач носител на многубројни медали од Државни и Меѓународни Првенства, како тренер на Џудо Клуб СЕИШИН-Прилеп од 2008 година до денес многубројни успеси со клубот.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *