Локално

“Prilep Special Show”

По втор пат во Прилеп настан кој не се пропушта!

Настанот ќе го води Александар Блажески – со другарите. Шоу и презентации на фризура, шминка и стајлинг. Семинари од едукативен карактер со домашни и странски техничари.

1. На ден 02 Декември 2018г. Недела со почеток од 15:00 часот шоу програм со учество на групи од сите градови на Македонија и од соседството кои ќе перформираат на темата “Movies Night” (Movies Night представува перформанс, со комплетен стајлинг од добро познати филмови).

Првиот ден завршува со DJ и Караоке Шоу со Александар Блажески до утринските часови!

2. На ден 03 Декември програмата продолжува со технички и едукативни семинари со затворен карактер на најпознатите фирми во светот козметиката и убавината!

Специјални гости на настанот се Словенскиот виртуоз “Mitja Tavcar” со неговиот Тим и академијата кои ќе ги презентираат најновите техники на фарбање и стрижење на школа “Vidal Sasoon” кои ги презентираа пред неполн месец во Лондон,Англија.

Целокупниот програм ќе биде збогатен со над 15 штандови кои ќе презентираат врвни производи со саемски цени.

Целосниот програм е во изработка и ќе биде целосно презентиран во наредните неколку денови!

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content