Здравје

Светскиот ден на предвреме родените деца

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство денеска, по повод Светскиот ден на предвреме родените деца, во Театарот за деца и младинци ќе ја презентира најновата статистика во врска со намалување на процентот на смрттноста на новороденчињата, како и мерките кои се преземаат за продолжување на овој тренд на пад на смртноста.

На одбележувањето на Светскиот ден на предвреме родените деца, што оваа година се одржува под слоганот ,,Да соработуваме: Партнерство со семејствата во грижата и негата на предвреме родените деца“, Клиниката ќе потпише Меморандум за соработка со Граѓанската организација „Лулка“.

Најавено е дека ќе се обрати министерот за здравство Венко Филипче, како и директорите на Клиниката и претседателот на граѓанската организација „Лулка“.

Актерите од Театарот ќе одржат претстава за дечињата кои биле негувани на одделението за интензивна нега во ГАК.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *