Здравје

Лекарите советуваат: Помагаат ли маските во заштита од загадениот воздух?

Воздухот урива рекорди на загаденост, а граѓаните дишат на шкрги.

Со цел да се заштитат граѓаните бараат чаре и во маските, но колку тие всушност можат да ни помогнат?

Иако не можеме целосно да се заштитиме од загадениот воздух во градските средини, сепак неколку корисни совети од експертите ќе помогнат да го минимизираме внесот на штетните честички во нашиот организам.

1. Следете го нивото на загадување во вашето населено место и доколку е над дозволените граници, надвор движете се само доколку е неопходно и носете маска со филтер.

2. Избегнувајте движење, трчање и вежбање во периодите кога нивото на загаденоста на воздухот е високо. Потребно е нашите читатели да знаат дека загадувањето на воздухот во текот на денот е највисоко во периодот од 11-18 часот, па затоа доколку планирате какви било активности најдобро е истите да се извршат рано наутро или доцна навечер.

3.Избегнувајте физичка активност во близина на сообраќајници со голема концентрација на возила, особено во периодите со погуст сообраќај. Познато е дека прометните автопати го загадуваат воздухот во пречник од 1км.

4.Формирајте здрави навики. Не користете автомобил доколку се работи за блиска дестинација. Препорачливо е пешачење или возење велосипед.

5. Не смее да се гори отпад бидејќи во голем процент придонесува за загадување на воздухот.

6. Не користете фосилни горива(нафта, прегорено автомобилско масло, јаглен, ќумур и сл.) за загревање на ваште домови.

7. Не дозволувајте пушење во просториите во кои престојувате.

Во моментов во Македонија се употребуваат повеќе видови на маски како заштита од воздушното загадување (хируршки, со активен јаглен) но, само неколку сертифицирани за таа намена се ефикасни.

Маската не смее да пропушта партикли поголеми од 2.5-3 микрони, заради тоа што најштетни воздушни партикли се со големина од 2.5 микрони.Маските само со активен јаглен не штитат од партикли туку тие се наменети за заштита од хемикалии.За маската е важно:мора добро да налегнува на лицето, и најмал простор кој пропушта воздух ја прави маската неефикасна, за скопската средина се препорачува маска со N95,N99,FFP2,FFP3 стандард, доколку носите очила и истите се замаглуваат значи дека маската пропушта нефилтриран воздух, доколку маската има валвула таа полесно налегнува и помали се шансите да пропушта нефилтриран воздух.

Маските за еднократна употреба можат да се употребуваат се додека може лесно да се дише преку нив, а тоа е околу 10-30 часа ефективно користење, иако често производителите препорачуваат почеста замена. Маските за повеќекратна употреба содржат филтер кој може да се замени со нов, а се одржува со перење.

За подетални информации во врска со набавка на маски за заштита од аерозагадување, читателите можат да се обратат на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content