СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Два века старата црква „Св. Атанасиј“ во прилепско Лениште, мета на вандали и крадци

Осакатени липи во дворот од гробиштата, украдено клепало од црковното ѕвоно од камбанаријата, како и поситен црковен и кујнски инвентар во вредност од над 20.000 денари се последиците од последната „посета“ на се уште непознатите сторители на два века старата црквата „Св. Атанасиј“ во прилепското село Лениште.

Се докажа дека во црквата има провалено. Има штети направено, липите се искршени. Инвентар кој ни треба во цркватасвеќници, кандила, инвентар од кујната има земено, шерпи, тенџериња, лонци за готвење..Јас кога дојдов во моментот да ја удирам камбаната, видов дека камбаната не функционира и сфатив дека е украдено тоа за тропање што е во ѕвоното, сајлата ја немаше и така увидов дека се работи за провала, за кражба“,- ни рече Кире Нешкоски, член на Црковниот одбор.

Нешкоски вели дека оваа кражба од пред десетина дена не била прва. И претходно на повеќе наврати се случувало да им снемува градежен материјал и алат. Се сомневаат дека се работи за добро организирани групи кои пустошат во овој регион, заради што бараат и поголема будност и ангажман од полицијата.

Еве да поставиме камери, ама тој систем како функионира, јас не знам. Да има стражар, треба некој да го плаќа. Црквата е стара, една од најстарите во околината на Прилеп, на овој дел нагоре што е кон Плетвар. Затоа нека си преземе власта начини, нека си праќа патроли со возило, нека ги обиколува Лениште, Плетвар, значи овие се места без население, а има богатства, цркви, вредности кои треба да се чуваат. Има и дрвокрадство, два-тројца што се тука, велат дека им доаѓаат дури и до нивните куќи и немаат начин да се одбранат“, – објаснува Нешкоски.

Инаку, кражбите и вандализмот во црквите и манстирите во околината на Прилеп, за жал, не се непозната работа. Пред неколку дена, по којзнае кој пат, повторно мета на крадци и вандали беше и црквата „Св. Никола“ во с. Дабница, при што украдени биле круните за венчавање, кадилници, кандила и др. поситини предмети кои се користат во богослужбите. А додека пред три месеци, арамиите ја уништија трпезаријата, го искршиле фрижидерот, а ги украле и металните плочи од шпоретот за готвење, како и металните врати и прозорци. Арамиите, се уште не се пронајдени.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content