Спорт

Аталанта ја прекина победничката серија на Интер

Аталанта ја прекина победничката серија на Интер од 7 последователни натпревари во Серија „А“, откако го совлада тимот од Милано со убедливи 4:1 на „Атлети Азури д’Италија“ во натпревар од 12-тото коло на калчото.

Уште во 9-тата минута Ханс Хатебоар отвори за домаќините, а до крајот на полувремето предноста на „азурите“ можеше да биде далеку поголема. Самир Хандановиќ сепак го направи невозможното спасувајќи 6 удари, кој од кој по тежок.

На самиот почеток на вториот дел Мауро Икарди израмни од пенал, направена од Џанлука Манчини. Подоцна сепак дефанзивецот надомести и со глава постигна гол за 2:1. Берат Џимсити исто така беше прецизен малку пред крајот, а Алехандро Гомез го оформи крајниот резултат во судиското продолжение.

Во пласманот Интер остана со 25 поени и падна на трета позиција. „Сино-црните“ пак се искачија на 6 место со 18 поени.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Види истотака

Close
Skip to content