СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Премиерот за 90 дена потрошил 20 илјади евра за рекламирање на ФБ

Илјадници евра трошат политичарите во Македонија за да се рекламираат на друштвените мрежи. Во анализа на 4NEWS.mk само на една од платформите Фејсбук утврдиме дека за период од три месеци поторшени се 100 илјади евра само од политичари од Македонија.

Податоците кои ги анализиравме се од последните три месеци, а јавно достапни преку алатката на Мета наречена Meta Ad Library Report.

На листата со трошоци во ТОП20 се појавија и медиуми кои потрошиле значителни средства за рекламирање на своите интернет портали, на листата во првите редови не се појави ниту еден меинстрим медиум.

Од политичарите на првата страница, прв е премиерот Димитар Ковачевски кој во период од нецели три месеци има потрошено над 20 илјади евра, односно емитувал и рекорден број на реклами, вкупно 362.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ ВМРО-Народна партија: Судењето на Љупчо Георгиевски отсега па натаму ќе биде третиран како политички монтиран процес.

Веднаш по него следува и „неговата“ политичка партија СДСМ која потрошила 7.900 евра. Опозицијата се наоѓа во листата од ТОП 40. Христијан Мицкоски според податоците на Мета во изминатите 90 дена потрошил 580 евра за 11 реклами.

Од август 2020 година кога започна оваа алатка да ги собира и анализира податоците за потрошени пари за рекламирање, само од Македонија биле испорачани 42.909 реклами, односно потрошени 683.909 илјади евра.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content