Технологија

Апликацијата Photomath сега решава и рачно напишани математички задачи

Професорите по математика имаат уште еден проблем во чувањето на учениците кога решаваат тестови – најновото надоградување на апликацијата Photomath.

Оваа апликација решава сложени математички проблеми со користење на камерата на смартфонот. Новитетот е што отсега Photomath ќе може освен печатен текст да чита и математички задачи напишани во ракопис, објави TechCrunch.

Photomath во 2014 година се најде во финалето на Startup Battlefield at Disrupt Europe, и оттогаш е симната повеќе од 36 милиони пати на Android и iOS и се смета за една од петте најдобри образовни апликации во САД.

Со надоградувањето, Photomath + ги решава математичките проблеми како човек, водејќи го корисникот низ проблемот со корисни совети, чекор по чекор.

Photomath + ќе може бесплатно да се симнува до 30 ноември, а потоа ќе се користи со плаќање.

Уште не се знае цената, но креаторот вели дека основните услуги на апликацијата, како решавањето на математички проблеми со помош на камерата ќе останат бесплатни засекогаш.

Измените и подобрувањата засега се достапни само за iOS, но до крајот на месецот ажурираната верзија на апликацијата ќе може да ја користат и корисниците на Android уреди.

Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content