Спорт

Ѓоковиќ со награда за камбек на годината

Светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ доби две од годишните награди на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП). Србинот ќе ја добие наградата за тоа дека завршува како прв на листата, како и за камбек на годината. Тој од 22. место на светската листа се искачи на врвот, откако се врати на терените по повреда на лактот.

Оваа година, Ѓоковиќ освои четири титули, меѓу кои и „Вимблдон“ и „УС Опен“. Српскиот тенисер има 14 Гренд слем титули и вкупно 72 трофеја во својата кариера. Маријан Вајда, кој се врати во штабот на Ѓоковиќ во април, беше избран за тренер број 1 годинава.

Шпанецот Рафаел Надал ја освои вторпат наградата за ферплеј, која го носи името на легендарниот Швеѓанец Стефан Едберг, а Роџер Федерер (Швајцарија) ја зема наградата за миленик на навивачите.

Американците Џек Сок и Мајк Брајан се омилената двојка на поддржувачи на овој спорт. Деветнаесет годишниот Алекс Де Миноr (Австралија) го освои гласањето за дебитант на сезоната, а 20-годишниот Стефанос Циципас (Грција) зема награда за најголем напредок во текот на годината.

Мате Павиќ (Хрватска) и Оливер Марах (Австрија) се наградени за тоа што ја завршуваат годината како број 1 во рангирањето на АТП во парови.

Најдобрите турнири во категориите на ATП 1000, ATП 500 и ATП 250 се оние во Индијан Велс, Квинс и Стокхолм.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *