Локално

Прилепчаните Мери Мирческа и Александар Стојкоски ќе трчаат на Мон Блан

Младите прилепчани, Мери Мирческа и Александар Стојкоски, ќе ги претставуваат Прилеп и Македонија на најпрестижната светска трка во планинско трчање во Шамони, Франција, во подножјето на „покривот“ на Европа, Мон Блан.

Трката што ќе се одржи на 30. Август, 2019 година, е во должина од 171 километри и во организацијана Меѓународната Асоцијација за Трчање во Планина (ITRA).

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска се сретна со двајцата спортисти и им изрази поддршка за подготовките и учествотото на оваа најпрестижна трка во планинско трчање.

Инаку, во изминатите три години Мирческа и Стојкоски имаат учествувано на повеќе трки во земјава и странство, со што се стекнале со доволен број на поени за учество на трката UTMB (Ultra Trail du Mont
Blanc) во Шамони, Франција.

Мери Мирческа и Александар Стојкоски, се добитници на Третоноемвриска награда за спортски достигнувања последователно во 2016 и 2017 година. Двајцата се рангирани како најдобри планински
тркачи во Македонија, соодветно во женска и машка категорија со највисоко ниво на поени.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *