Локално

Промовирана едукативната сликовница „Иван и Илина“ за лицата со Даунов синдром

Денеска во просториите на инклузивното ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп, беше промовирана детската едукативна сликовница „Иван и Илина“ за лицата со Даунов синдром на авторот Мимоза Петревска Георгиева, новинарка и мајка на девојче со Даунов синдром. Сликовницата, излезе на македонски и албански јазик со поддршка од Министерството за култура, а во едиција на здружението „Сината птица“. Сликовницата е наменета за деца на возраст од 7 до 12 години, бидејќи истражувањата покажуваат дека токму на оваа возраст децата ги градат негативните стереотипи за луѓето со каква било различност.
Целта на сликовницата е да ја пренесе приказната од нашето секојдневје, која отсликува неколку реални ситуации кога едно дете ќе се сретне со дете со Даунов синдром.

„Ова е прво печатено идание на сликовница „Иван и Илина“ поддржано од Министерството за култура, излегува и на македонски и на албански јазик. Таа претходно излезе во електронско идание на страницата на нашето здружение “Сината птица’, но сепак сум пресреќна зошто ја имаме и во печатено идание. Сите оние што се заинтересирани да прочитаат нешто повеќе за децата со Даунов синдром да може да ја  маат во своите раце. Идејата да се напише оваа сликовница беше тоа што, јас сум мајка на девојче со Даунов синдром. Низ годините забележував дека децата со кои мојата ќерка доаѓа во контакт немаат  нформација за тоа какви се овие деца, кои се проблемите со кои тие се соочуваат, кои се нивните карактеристики. И кога не знаеме се плашиме и повлекуваме и токму преку оваа сликовница, преку нејзината нарација сакам да им покажам како е тоа да се има другарче со Даунов синдром“, вели Мимоза
Петревска Георгиева, автор на сликовница „Иван и Илина“.

Сликовницата ќе се подели бесплатно во неколку училишта и училишни библиотеки во Прилеп, Штип, Струмица, Тетово и Скопје.

Пораката за пријателството меѓу Иван и Илина укажува на тоа дека со негувањето на довербата и отвореноста, како и со правилен воспитен и едукативен пристап може успешно да се надмине формирањето на негативни стереотипи кон децата со попреченост и да се гради една вистински
инклузивна заедница. Во тој процес клучната улога ја играат родителите, наставниците, дефектолозите, психолозите и педагозите во училиштето.

Илустратор е академската сликарка Маја Стефановска, а промотор и модератор на денешниот разговорот со учениците беше психологот Јорданка Черепналкова Трајковска.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *