Економија

Околу 100 компании аплицирале за поврат на средства преку владините економски мерки

Околу 100 компании аплицирале за поврат на средствата откако годинава инвестирале во нови погони, технологии, но и нови вработувања и зголемување на плати, кои се услов Владата да им исплати пари на компаниите. Денеска во Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа работна стредба меѓу преставници од бизнисот и Стопанската комора на Северозападна Македонија каде беа презентирани владините мерки за поддршка на инвестиции од трите столба на планот за економски раст.

– Во смисла на охрабрување на компаниите да ги подржат мерките на Владата, можам да кажам дека годинава 100 компании аплицирале со документација за сите инвестиции кои ги направиле под услови предвидени со закон. Оваа мерка е долгорочна е овој процес ќе трае и понатаму, рече Зорица Апостолска министер без ресор задолжена за странски инвестиции.

На средбата беа присутни и преставници од Фондот за иновации и технолошки развој од каде ги истакнаа мерките за поддршка на старт ап компанииите, но и потребата од соработката на компаниите со високообразовнтие институции.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *