Култура

Европско првенство во модерни танци во Скопје

Од денес до петок,  во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје  се одржува Европско првенство во Street Dance Show 2018 и Светски Купови во Диско денс и Хипхоп.

На натпреварите кои се поддржани од  Интернационалната Танцова Организација (International Dance Organization), се пријавени околу 1000 учесници и официјални лица од 22 земји.

За време на викендот, ќе се одржи  Интернационален танцов натпревар DANCE OFF со над 3100 натпреварувачи. Во сабота во  СЦ Јане Сандански  на програмата се  хипхоп , диско , брејкденс, а во недела  латино шоу и танци во двојки. Во недела истовремено ќе тече и натпревар во Македонската Опера и Балет во класичен балет, модерен балет, џез денс и др.

Најдобрите од Dance Off  ќе се натпреваруваат на Гала вечер која ќе се одржи во МОБ во недела од 21ч. Наградниот фонд е 5000 евра.

Сите натпревари почнуваат во 9 наутро и траат до доцна попладне, а целодневна влезница чини симболични 150 ден. Организатори на овие танц натпревари се танцовите клубови  БРЕЈК А ЛЕГ(Break a Leg) и ИТ ДА БИТ (Eat the Beat).

Покрај Трајче Петковски, менаџер на Брејк а Лег, претседател на Македонската Асоцијација за модерни танци (МАМТ) и интернационален IDO судија  и Илија Карадакоски, менаџер на Еат да Бит, генерален секретар на МАМТ и интернационален IDO судија, на вчерашната прес конференција присуствуваа и  Кирстен Дан Јенсен од Данска, потпретседател на Интернационалната Танцова Организација (IDO) и Карстен Рот од Германија, супервизор на натпреварите и потпретседател на Германската Танцова Федерација.

Кирстен Дан Јенсен истакна дека IDO, во која членуваат 95 држави, ја довери организацијата на овие значајни танцови првенства на клубовите Break a Leg и Eat the Beat, поради нивната извонредна организација на претходни два танц натпревари и дека по подолго време одржување танцови настани во Западна Европа, конечно има натпреварувања од највисок ранг во Македонија и јужниот дел од Балканот.

Петковски и  Карадакоски ја објавија и ексклузивната вест дека на двата клуба им е  доделена организацијата на Светско првенство во латино шоу и синхро денс во декември, 2020 година.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *