СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Лица со оштетен вид од цела Македонија се натпреваруваа во “Гол бол” денеска во Прилеп (ФОТО)

Здружението на слепи лица од Прилеп, Национален сојуз на слепи на Република Македонија, во соработка со ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” Прилеп, денес организираа спортски активности и натпревар во ,,Гол бол” помеѓу вакви здруженија и клубови од повеќе градови од Македонија, во спортската сала на училиштето.

-Оваа игра е наменета за лица со оштетен вид. Грижата за лицата со попреченост и инклузијата која што ја практикува директорот на ова училиште Влатко Кузманоски, Локалната самоуправа секогаш ја поддржува, а и во иднина се разбира секогаш ќе ги помагаме ваквите настани и активности – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content