СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Достоинство ја напушта коалицијата на СДСМ

Доколку не помине предлог одлуката за надминување на проблемот со 15-те семејства на загинати бранители и воени инвалиди, Достоинство ќе ја напушти владината коалиција, рече во утринското „Студио 10“ на ТВ24 лидерот на партијата Стојанче Ангелов.

Постоеше добра волја од страна на премиерот, министерската Петровска настојуваше да ја истурка оваа одлука во влада. Кога видовме дека нема да помине, изработивме предлог закон за измени и дополнување постоечкиот закон за браители со само една точка – исправање на неправдата која се провлекува повеќе од 20 години и бев изненаден кога во Собранието во првата фаза овој предлог закон доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од СДСМ. Ние на следните избори нема да бидеме дел од коалицијата предводена од СДСМ, со тоа што се уште не сме имале средба да зборуваме на оваа тема, рече Ангелов.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content