Економија

Сите стечајци ќе добијат надомест од државата

Нема да има повеќе стечајни работници во Македонија. Со усвојувањето на дополнувањето на предлог Закон, опфатени се и оние стечајци кои беа одбиени, зашто спогодбено го напуштиле работното место или добиле отказ од работодавачот.

– Ги повикувам стечајните работници, утре, вторник, 06.11, да се пријават во Агенцијата за вработување, да поднесат барање за паричен надоместок-изјави КЕМАЛАДИН АРСЛАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО „УНИТ“-ШТИП.

Во Штип, во т.н. трета група влегуваат околу 180 стечајци, а на ниво на земјата вкупната бројка е околу 1500. Останува уште да се реши проблемот на малкумината работници, кои останале да работат во компанијата и по приватизацијата, но бил сменет матичниот број на фирмата.

– Штом фирмата се приватизирала, доаѓаат други газди и ги менуваат матичните броеви, е тоа е проблемот, додаде Арсланов

Сега, вкупната бројка на стечајни работници кои ќе земаат паричен надоместок од околу 7500 денари до пензионирање се заокружи на 9000.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *