Здравје

Кафе пред тренинг – што велат експертите?

Кафето најчесто го пиеме наутро за да се разбудиме подобро, но кофеинот игра важна улога и во вашиот режим на вежбање.

Тренерите и спортистите велат дека кофеинот ја продолжува издржливоста за изведување на вежбите за 5 до 20 минути, што значи дека шолја кафе пред тренинг е одличен избор.

Но, како и кога?

„На вашето тело му требаат јаглехидрати, масти и протеини за да го издржи тренингот. Ако сакате да се напиете кафе пред тренингот, немојте да го пиете наместо оброк, туку како дел од оброкот“, вели нутриционистката Меган Медрано.

Фитнес инструкторот Бренан Меја вели дека добива доза енергија од шолја кафе, но ја пие 45 минути пред тренингот.

Истражувањата покажаа дека концентрацијата на кофеин во телото е најголема 45 откако ќе го испиете кафето. Од тој момент натаму вашето тело има најмногу корист од кофеинот, а потоа се намалува неговото дејство.

Важно е, секако, да не претерувате со кофеинот. Препораката од експертите на клиниката Мејо е 400 мг дневно или 4 шолји кафе.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *