Здравје

Осум од десет родители во Македонија воспитуваат со насилство

Со шамари и викање осум од десет родители во Македонија ги воспитуваат децата, покажува истражувањето на УНИЦЕФ. Физичкото и психичкото насилство сериозно влијае врз нивниот понатамошен развој.

Податоците од СЗО се алармантни, вели, и покажуваат дека секое 10-то дете е сексуално злоупотребено, секое четврто дете е предмет на насилство, а речиси секое трето дете е подложено на психолошка злоупотреба, изјави Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија.

85 отсто од развојот на човечкиот мозок се случува во првите 5-6 години од животот и дека емотивниот, социјалниот и когнитивниот развој на децата се случува во текот на овој период и никогаш повеќе нема да се повтори со истата брзина во текот на животот, изјави Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

Загрижува и фактот бидејки голем број од родителите не признаваат кога ги претепуваат децата.

– Ние од други членови на семејството или пријатели кога доаѓаат на посета дознаваме за насилството, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

За превенирање на алармантната состојба со насилството врз децата во Македонија УНИЦЕФ со подршка од ЕУ започнува кампања и во земјава. Теренски ќе разговаат со родителите, вработените во градинките и училиштата.

– Ако ги научиме родителите да бидат добри и посветени, директно влијаеме врз социјалниот, емотивниот и интелектуалниот развој на секое дете, а тоа е човечкиот потенцијал на земјата, рече Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

– Зајакнување на стручните служби се планира и во образовниот процес, изјави Арбар Адеми, минситер за образование и наука.

Инаку освен родителското насилство, јавноста последниот период беше згрозена и од врсничкото тепање како и малтретирањето на деца од вработени во градинки.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *