Култура

„Обликот на водата“ триумфираше на Оскарите

„Обликот на водата“ на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо доби оскар за најдобар филм. Беше номиниран во 13 категории, а доби четири награди. Фантастична романтична драма за една немоќна жена која се вљубува во мистериозно водно суштество, заробено во владина лабораторија.
Богатата кариера на Гери Олдман, конечно беше крунисана со Оскар за најдобар актер за улогата на британскиот лидер Винстон Черчил во „Најтемниот час“.
„Би сакал да и се заблагодарам на мојата мајка која е постара од Оскарите, има 99 години и ја гледа церемонијата на доделување на Оскари од нејзиниот тросед… Ти благодарам за твојата љубов и поддршка“, рече актерот Гери Олдман.
Френсис Мекдорманд е најдобра актерка за улогата во филмот „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“. Вели дека е почестенa што била номинирана покрај толку големи имиња. Ги покани своите конкурентки да станат со неа.
„Сите имаме приказна која треба да ја кажеме и проекти кои треба да се финансираат. Не зборувајте за нас вечерва, поканете не во канцеларија, или дојдете кај нас, па ние ќе ви ги раскажеме сториите“, нагласи во својот говор Мекдорманд.
Наградата за најдобра машка споредна улога ја доби Сем Роквел за „Три билборди надвор од Ебенинг, Мисури“, кому му е прва номинација за Оскар.
Најдобрата женска споредна улога ѝ припадна на Алисон Џејни за улогата на мајката на Тоња Хардинг во „Јас, Тоња“. Филмот е снимен по вистински настан за скандалот од 1994-та година кога Хардинг физички ја нападна ривалката Ненси Кериган.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *