СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Владата предложила закон кој ќе овозможи промена на пол?

Владата предложила Закон за матична евиденција со кој се создава право на едно лице да го промени полот (во документите). Предлогот кој го носи потписот на поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ и неговиот заменик Агим Нухиу има и европско знаменце, објави Алсат.

Според телевизијата одредбите што ги предлага извршниот орган му овозможуваат на лицето само преку лична карта и изјава заверена на нотар да се произнесе за чувството за својот пол, односно да го промени од машко во женско или обратно.

Извори од пратеничките групи велат дека со измените во овој закон се создаваат можности за изменување и дополнување на Законот за семејство, односно можност да се дозволат истополови бракови.

За овој закон се очекува да се расправа на пленарна седница во вторник.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content