Локално

Се подобрува инфраструктурата во Прилеп

Во Прилеп максимално се користи поволното време за инфраструктурни и комунални уредувања на градот, особено за реализација на комуналната програма за оваа година, со која е опфатена населбата Точила, една од најголемите прилепски населби. Моментално се работи на улицата „Ладо Лапецо“, на потегот од улицата „Војводинска“ до улицата „Егејска“. Покрај асфалтирањето, се отстранува стариот оштетен и дотраен асфалт на површина од2 100 метри квадратни.

Според Благоја Богески, задолжен за надзор на градежните работи, дел од градот ќе добие нов лик.

– Се асфалтира улицата „Ладо Лапецо“, на потегот од улицата „Војводинска“ до улица „Егејска“ во должина од 400 метри и на површина од 2.100 метри квадратни. Стариот асфалт беше дотраен и мораше да се замени со нов. Со овој инфраструктурен зафат ќе се подобрат условите за возење, а воедно и овој дел од градот ќе добие нов лик, вели Богоески.

Со комуналната програма на локалната самоуправа за 2018 година, се опфатени градот и населените места. Во зависност од временските услови, активностите за комунално уредување ќе продолжат и во наредниот период, согласно предвидената динамика.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *