Политика

Новинарските здруженија од регионот се едногласни

Државата има обврска дел од јавните пари да ги дели на медиумите

“Не треба да зборуваме за државна помош на медиумите, тоа се јавни пари на сите граѓани и државата има обврска одреден дел од буџетот да се дава на медиумите. Тоа е согласно европската и светската пракса”, е заклучокот на регионална конференција на тема “Државна помош за медиумите”, која неделава се одржа во организација на УНС и Здружението на новинари на Србија и Црна Гора, на која учестуваше и претседателката на МАН (Македонска асоцијација на новинари) Ивона Талевска, како и претседателката на Сојузот на бугарски новинари Снежана Тодорова, Хрвоје Зовко претседател на хрватското здружение на новинари, Марко Дивковиќ претседател на здружението на новјнари на БиХ, Драгиќ Рабреновиќ – претседател на здружението на локални емитери од Црна Гора, Владимир Радивојевиќ – претседател на здружението на новинари на Србија и други.

Учесниците ги презентирааа моделите на финансирање на медиумите во нивните земји и разговараа за ефектите на моделите на финансирање на медиумската сцена и квалитетот на медиумските содржини.

Освен Сојузот на новинари на Србија (УНС) и Здружението на новинарите Црна Гора (УНЦГ),  рисуствуваа новинари и претставници на новинарските здруженија од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Бугарија, како и заменикминистерот за информатичко Славица Трифуновиќ и шефицата на одделот за медиумите на ОБСЕ Гордана Јанковиќ.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *