Локално

Формирано јавно претпријатие за спроведување на гасификацијата во Прилеп

Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа својата 20-та седница, на која на дневниот ред се најдоа близу седумдесетина точки.

Прилепските советници донесоа одлука за формирање на ново јавно претпријатие за енергетски дејности, чија приоритетна задача ќе биде да ги подготви и спроведе сите неопходни активности за претстојната гасификација на градот.

„Јавното претпријатие „Енерго Прилеп“, ќе има задача да го подготви теренот за имплементација на гасоводот на територијата на општина Прилеп. Постапката за формирање на јавно претпријатие е подолга, во периодот кој претстои ќе имаме обврска да го подготвиме Статутот, да ја утврдиме неговата точна дејност, да се изберат органите на управување кои ќе раководат со јавното претпријатие, со цел спремни да ја дочекаме гасификацијата“, изјави претседателот на Совет на Општина Прилеп, Миле Талевски.

На денешната седница, Советот донесе одлука за измена на буџетските средства, со што за делумно обештетување на земјоделците чии земјоделски површини претрпеа штети од невремето, ќе бидат издвоени 6 милиони денари. Истовремено, советниците донесоа одлука за финансиска помош на ракометниот клуб „Прилеп“, за кој ќе бидат издвоени 1.2 милиони денари.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *