Здравје

Вакцината против грип поскапа од лани, ќе чини 600 денари

До крајот на неделава ќе почне вакцинацијата против грип во центрите за јавно здравје низ земјава. Помладите граѓани оние под 65 години доколку сакаат да се вакцинираат, ќе треба да си платат за вакцина од свој џеб, а ќе ги чини 600 денари. Годинава вакцината против грип е поскапа од лани за 200 денари, бидејќи станува збор за четиривалентна вакцина објаснуваат надлежните. До мината година се користеше тривалентна вакцина.

Вкупно 41.100 дози вакцини се набавени за јавните здравствени установи, 28.000 се наменети за повозрасни граѓани, над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија и за првпат вакцините за нив се бесплатни, а тоа го овозможи министерството за здравство.

Освен за хронично болните, вакцината за сезонски грип лекарите ја препорачуваат и за граѓаните што имаат респираторни заболувања и дечињата што имаат намален имунитет. Грипот, посочуваат, може да има лесна клиничка слика кај пациентот, ама не се исклучени сериозни последици. За да ја примат вакцината, граѓаните не треба да имаат температура и акутна болест во моментот и да не се алергични на јајца и на пилешко месо.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *