Спорт

Турција „падна“ во Битола, Македонија со сигурен старт на квалификациите

Македонската ракометна репрезентација оствари победа со 31:27 (17:13) во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2020 година што ќе се одржи во Австрија, Норвешка и Шведска.

Во преполната сала „Боро Чурлевски“ во Битола, избраниците на Раул Гонзалес немаа поголеми проблеми, водеа и со 8 гола разлика во второто полувреме, но имаа и падови во играта, нешто на кое ќе треба да се работи во следните неколку дена.

Капитенот Кире Лазаров беше прв стрелец за „црвено-жолтите“ со девет гола, шест постигна Манасков. Кај Турција најпрецизен беше Бичер со 6 голови сите од контра.

Македонија веќе во недела го играат вториот натпревар во квалификациите против Грција во Кожани со почеток од 19:30 часот.

МАКЕДОНИЈА-ТУРЦИЈА 31:27 (17:13)

Сала „Боро Чурлевски” – Битола

Македонија: Ристовски (10 одб.), Томовски (3 одб., 1 сед.), Георгиевски 4, Кузмановски, Ф. Лазаров, К. Лазаров 8, Манасков 6, Н. Маркоски, В. Маркоски, Ојлески, Пешевски 2, Поповски, Прибак 3, Стоилов 4, Талески 4, Велковски.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *